*Авторски, предметен и топографски каталог кој нуди информации за книжниот фонд од постоењето до 2010 година, кога почна да се применува само online каталогот (COBISS)
* книгите се издаваат на користење надвор од Библиотеката според утврдени правила (одлука на Деканот)
* фотокопии на статии од списанија
* пристап до Интернет
* меѓубиблиотечно зајмување
* СЗО документациски центар
* фотокопии од Билтенот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за избори и реизбори во наставни звања може да се добијат во Библиотеката; може сами да пребарате во кој Билтен бил испечатен извештајот за вашиот избор откако ќе влезете на менито Билтен (внимавајте: користете кирилична поддршка). Од 2010 год. Билтенот е достапен во електронска верзија на страницата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
МЕЃУБИБЛИОТЕЧНО ЗАЈМУВАЊЕ
* Порачки на статии од списанија од Централна медицинска књижница, Љубљана, Словенија. Статиите се добиваат по електронски пат во .pdf за неколку дена. Во зависност од тоа од кој извор е порачана статијата, таа може да чини од 4 до над 20 евра.
СЗО ДОКУМЕНТАЦИСКИ ЦЕНТАР
*Од 1998 год. Библиотеката е назначена како документациски центар на Светската здравствена организација
* Голем број од СЗО публикациите се достапни на Интернет; оние до кои нема пристап може да се обидеме да ги добиеме
* Во 2003 година СЗО и обезбеди на Библиотеката пристап до HINARI (види: електронски списанија со password)