Медицинскиот факултет доби донација едногодишен пристап до базата Dynamed. Почнувајќи од јуни 2024 година, целиот наставно-научен и соработнички кадар на факултетот има пристап до Dynamed.
Податоците за регистрација во базата беа испратени до сите раководители на институтите и катедрите со цел целиот наставно-научен и соработнички кадар да си креира свој профил, за да можат да ја користат базата во своите истражувања.
Студентите и надворешните корисници може да пристапат до Dynamed преку компјутерите во Одделот за периодика при Централната медицинска библиотека.